Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, направи проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2021 година. Проценката е резултат на спроведено истражување засновано врз Индексот на отвореност.

Истражувањето за 2021 година покажа дека повеќето општини не работат доволно за да ги задоволат стандардите за отвореност. Резултатите во областите укажуваат на тоа дека ЕЛС применуваат ниски стандарди за консултации, транспарентност, мониторинг и контрола во нивното работење. Просечната отвореност на општините за 2021 година изнесува ниски 25%.

Индексот на отвореност покажа дека во мерењето за 2021 година најдобри резултати имаат општините Охрид (51%), Василево (48%) и Кочани (48%), додека најниско е рангирана општината Пласница (3%)

Целосниот извештај за 2021 година е достапен на следниот линк.

Сподели: