Со цел да ја прославиме 2021 година и многубројните успеси што беа дел од неа, ќе споделиме со вас 12 достигнувања на Метаморфозис за оваа година.
Во 2021 година организиравме два хакатона за отворени податоци, што резултираа со креирање на две интересни апликации развиени врз основа на сетови на податоци објавени од институциите.
Првата апликација овозможува претворање на општинските буџети во машински читливи формати кои дополнително може да се споредуваат и визуелизираат. Втората апликација ќе мапира и споредува податоци за работните услови и инфраструктурата на основните и средните училишта во Северна Македонија.
Голема благодарност до Discindo и Web Pillar&Data Consulting за нивната напорна работа на хакатоните и за креирањето на овие одлични алатки.
Хакатоните беа организирани во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество-Северна Македонија.
Во 2021 година Метаморфозис поддржа 41 граѓанска организација преку доделување грантови. 30 од овие организации активно работат на промовирање на Дигиталната агенда во Западен Балкан, додека останатите работат на социјална одговорност, транспарентност, антикорупциска и медиумска писменост.
Покрај финансиската поддршка, Метаморфозис за сите граѓански организации обезбеди програми за градење капацитети во различни области, што помогна во нивното подобрување.
Дополнително, преку програмата за донација на софтвер TechSoup, Фондацијата обезбеди 187 бесплатни софтверски пакети на 16 организации.
Преку поддршката што ја понудивме на граѓанското општество во регионот, формирани се 15 локални центри за поддршка на е-услуги каде досега им е помогнато на над 18.000 граѓани за ефективно користење на конкретните е-услуги во нивните земји.
Голема благодарност до сите членови на Мрежата ИЦЕДА што посветено работеа на дневна основа за да ги доближат придобивките од дигитализацијата до граѓаните.
Новинарската агенција Мета.мк на 19 октомври објави текст за 16-годишната средношколка Миа Чичкаровиќ, која е објави дека дијабетичарка и дека ѝ се потребни сензори за безболно мерење на гликемијата: https://meta.mk/potrebni-ni-se-senzori-za-bezbolno-merenje-na-glikemijata-veli-mia-chichkarikj-16-godishna-srednoshkolka-so-dijabetes/
По ваквото пишување на Мета.мк, министерот за здравство Венко Филипче на 21 октомври ја покани средношколка Миа на разговор и вети дека уште денеска започна набавката на сензори за дијабет кои ќе бидат бесплатни за пациентите: https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2799688317004850
Мета.мк на 21 октомври напиша текст за средбата на Филипче со средношколката Миа и за ветената набавка : https://meta.mk/filipche-zapochna-nabavkata-na-bezbolni-senzori-za-dijabetes/
Седумнаесеттото издание на меѓународната конференција е-Општество.мк: „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“, се одржа во периодот од 30 ноември до 3 декември во хибриден формат, обединувајќи говорници, обучувачи и учесници и во конференциската сала во Скопје и на платформата ZOOM од различни делови од светот. Конференцијата имаше за цел да обедини практичари и теоретичари на голем број теми кои ги претставија итните предизвици, како и можностите на дигиталната ера.
На конференцијата присуствуваа 631 учесник од 27 земји, што го збогати меѓународниот карактер на конференцијата.
Преносот во живо на Фејсбук достигна над 7644 лица и ние сме многу горди што можевме да обезбедиме повеќе начини за учесниците да пристапат до конференцијата.
Во текот на 2021 година, Метаморфозис обучи и менторираше 27 институции во локалната и централната власт за креирање и подобрување на нивните политики за отворени податоци како практики. Подготвени се над 270 основни збирки на податоци, со кои се објавени важни податоци за работата на институциите, како и за регистрите што ги поседуваат.
Поддршката на отворената култура на јавниот сектор е важен дел од мисијата на Метаморфозис и во 2021 година можевме значително да придонесеме за тоа.
Управата за водење на матичните книги донесе решение во кое се напоменува дека институцијата повеќе нема да бара од граѓаните да доставуваат изводи од матична книга на родени „не постари од шест месеци“, како што беше досегашна практика. Оваа одлука беше директна последица на истражувањето на Порталб преку иницијативата Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда која облеодени повеќе сведоштва од граѓани и стручни мислења и побара објаснување од соодветните институции.
Медиумите се вредна алатка за искажување загриженост од страна на граѓаните и застапување за промени, како што покажува овој пример. Честитки до Суад Бајрами и тимот на Порталб за одличната работа.
8. Настани во 2021 година
Во 2021 година организиравме околу 40 регионални, национални и локални настани за подигање на свеста и застапување, покривајќи прашања од областа на медиумската писменост, дигиталната агенда, отворените податоци, владината одговорност, дезинформациите за Ковид 19 и многу други. Со овие напори директно ангажиравме најмалку 2.800 луѓе и ќе продолжиме да ги мобилизираме заедниците кон позитивни промени и да бараме одговорност од владата.
9. Активности за развој на капацитетите
Во 2021 година организиравме околу 55 активности за развој на капацитетите, ангажирајќи најмалку 2.400 претставници од граѓански организации, новинари, наставници, млади и институции. Понудивме обуки во областите на медиумската писменост, борбата против дезинформациите, отворените податоци, користењето на е-услуги, заштитата на податоците, кибер безбедноста, креирањето и користењето на отворени образовни ресурси и други. Развојот на капацитетите е значајна компонента на нашата програма и важен стожер во она што ја направи 2021 успешна година.
10. Борба против инфодемијата
Во 2021 година Вистиномер објави над 1000 написи, од кои 400 беа проверки на факти на тема Ковид-19 и вакцини достапни на македонски, албански и англиски јазик. Посветено се справивме со инфодемијата и придонесовме значително за подигање на свеста кај пошироката јавност за ширење на опасните дезинформации, особено на социјалните мрежи. Во продолжение следи преглед на борбата на Вистиномер против инфодемијата во 2021 година: https://bit.ly/3JBBsbM
11. Најпопуларните анализи за изминатата година
Во 2021 година, Фондацијата Метаморфозис објави 15 извештаи и анализи. Ова се 8-те најпопуларни анализи за изминатата година:
- Анализа на дезинформациите поврзани со Ковид-19 во Северна Македонија: https://metamorphosis.org.mk/izdanija_arhiva/analiza-na-dezinformaciite-povrzani-so-kovid-19-vo-severna-makedonija/
- Следење на процесот на евроинтеграции: Реформи во медиумскиот сектор Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема: https://metamorphosis.org.mk/izdanija_arhiva/sledenje-na-procesot-na-evrointegracii-reformi-vo-mediumskiot-sektor-reformi-na-polovina-pat-politichkata-volja-chas-ja-ima-chas-ja-nema/
- Анализа на е-услугите во општините во Република Северна Македонија: https://metamorphosis.org.mk/izdanija_arhiva/analiza-na-e-uslugite-vo-opshtinite-vo-republika-severna-makedonija/
- Индекс на отвореност на локалната самоуправа 2021: https://metamorphosis.org.mk/izdanija_arhiva/indeks-na-otvorenost-na-lokalnata-samouprava-2021/
- Прирачник за дигитална безбедност за наставници и професори во основно и средно училиште: https://bit.ly/3EBEQQ9
- Опсерваторија за Дигитална агенда – Извештај за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија: https://metamorphosis.org.mk/izdanija_arhiva/opservatorija-za-digitalnata-agenda-izveshtaj-za-tekovnata-sostojba-i-patokaz-za-unapreduvanje-na-digitalnata-agenda-vo-severna-makedonija/
- Проценка на доброто владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт 2021: https://metamorphosis.org.mk/izdanija_arhiva/procenka-na-dobroto-vladeenje-vo-severna-makedonija-i-regionot-preku-indeksot-na-otvorenost-sobranie-i-izvrshna-vlast-2021/
- Прилог на Фондацијата Метаморфозис кон јавната консултација за ИКТ 2021-2025 и придружниот Акциски план (II): https://metamorphosis.org.mk/aktivnosti_arhiva/prilog-na-fondacijata-metamorfozis-kon-javnata-konsultacija-za-nacrtot-na-nacionalnata-strategija-za-ikt-2021-2025-i-pridruzniot-akciski-plan-ii/
12. Над 300.000 следбеници на социјалните мрежи
Во 2021 година, околу 300.000 следбеници ги следеа активностите на фондацијата преку Фејсбук и Твитер страниците на Метаморфозис, како и страниците на Порталб, Вистиномер, Мета, ICEDA, КриТинк, Action See, ООР.
Ви благодариме за довербата!
СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ 🙂
Сподели: