Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, организираше иницијален онлајн состанок за спроведување на активности за отворање на податоците на четири државни институции.
На состанокот, кој се одржа на 26 мај 2022 година, беа презентирани активностите кои е планирано да се спроведат во Агенција за вработување, Агенција за заштита на личните податоци, Министерството за животна средина и просторно планирање и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, беше претставена временската рамка и се дискутираше за начинот на спроведување на активностите.
Во наредниот период Фондацијата Метаморфозис, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација ќе обезбеди техничка помош на горенаведените институции за подобрување на употребата на отворени податоци.
Сподели: