Колку често комуницирате со лидерите што ги избравте за локална или национална позиција? Дали некогаш сте се јавиле или сте испратиле меил до вашиот претставник за да го известите кои се вашите приоритети и за тоа како сакате тој/таа да се постави за одреден проблем или прашање? Дали сте виделе реализација на вашите идеи?
Во Северна Македонија, со поддршка од УСАИД, владата создаде нова алатка, односно онлајн платформа за Отворено владино партнерство, со цел да им даде можност на граѓаните да кажат кои приоритети и активности се најважни за нив. Владата ја користи оваа нова веб-страница за да го создаде следниот Национален акционен план за Отворено владино партнерство (ОВП), кој ги зајакнува иницијативите за зголемување на владината транспарентност, отчетност и вклученост.
Граѓаните навистина сакаат да соработуваат со владата давајќи свои идеи и повратни информации, а за возврат, владата сака подобро да им служи на граѓаните преку разбирање и следење на она што е важно за нив.
Проектот на УСАИД за Граѓанско учество ги соединува граѓаните и владата заедно да се залагаат за зголемено учество на граѓаните во владините политики и донесувањето одлуки. Светот продолжува да се бори со коронавирусот, но владите, граѓанските организации, медиумите, приватниот сектор и академската јавност низ целиот свет се придвижуваат кон онлајн учество за да се осигурат дека поединците можат да учествуваат во важни дискусии што влијаат на нивните животи. Меѓутоа, во Северна Македонија, многу малку онлајн платформи овозможија лесна комуникација помеѓу јавните институции и граѓаните.
За да одговори на овој предизвик, УСАИД соработуваше со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за создавање онлајн платформа каде што владата, граѓанските организации и граѓаните комуницираат за да создадат поинклузивни и отчетни политики и одлуки. Преку платформата, владата може да комуницира со граѓаните за својата работа и граѓаните можат да бараат информации и да дискутираат за овие напори избраните и назначените лидери.
МИОА, платформата ја пушти во употреба оваа година, на 10-годишнината од приклучувањето на земјата во Иницијативата ОВП. Платформата е само еден пример за тоа како владата го зголеми пристапот до информации, фискалната транспарентност, употребата на отворени податоци и пристапот до правдата преку своето членство во иницијативата. За шест месеци откако е пуштена во употреба, платформата се претвори во добро користена, централна точка за комуникација помеѓу граѓаните и владата во обликувањето и спроведувањето на заедничките иницијативи за поефикасни и отчетни јавни институции и подобро испорачување на услуги. Ова ѝ помага на владата да преземе дополнителни чекори кон заедничко управување и е нејзина централна алатка за да ги охрабри граѓаните и да им овозможи да помогнат во креирањето на следниот Национален акционен план за ОВП преку предлагање иницијативи и владини заложби.
На 13 април, премиерот Заев го претстави концептот ОВП на земјата пред Главниот извршен директор на ОВП во Њујорк, Санџај Прадан. Премиерот Заев истакна дека: „Концептот Отворено владино партнерство приднесе земјата да се трансформира од заробена држава во отворен и прогресивен пример. Еден од најбитните процеси за земјата и Владата како една од клучните активности е секако воспоставување на посебен и функционален веб-портал наменет за информирање, вклучување и следење на имплементацијата на акционите планови на земјата, подигнувањето на квалитетот на управување, квалитетни услуги за граѓаните преку транспарентно, инклузивно и одговорно работење е одлика на оваа наша Влада. Во таа насока е и воведувањето на многу нови алатки во изминатите години кои водат кон унапредување на транспарентноста, одговорноста, отчетноста и инклузивноста на сите актери во општеството, како што е и овој посебен портал“.
Процесот на ко-креација за Националниот акционен план 2021-2023 година е започнат и платформата придонесува со многу гласови и идеи во процесот. Националниот координатор за ОВП, Гордана Гапиќ Димировска, рече: „Додека подготовката на новиот национален акционен план е во тек, учеството на претставници на граѓанскиот и јавниот сектор преку платформата ОВП придонесува кон подобра соработка помеѓу сите засегнати страни и пошироката јавност“. Таа истакна дека платформата е вреден механизам за следење на спроведувањето на Националниот акционен план. Со партнерството со Министерството за информатичко општество и администрација, сега постои корисна и иновативна алатка за властите што служи за интеракција со граѓаните и граѓанското општество во јавниот процес на донесување одлуки. Преку оваа платформа, јавноста може да ја разбере работата на владата. Ова значи дека граѓаните сега можат да погледнат за што разговарала и што креирала нивната влада, како и да побараат информации од администрацијата.
Сподели: