Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација спроведе активности за обезбедување на поддршка на нови пет државни институции за објавување отворени податоци.

Поддршката за отворање на податочните сетови на институциите од централната власт се реализира во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, додека конкретната активност се спроведува по вторпат, односно во 2021 беа опфатени пет нови институции, различни од поддршката која се реализираше во 2020 година.

Во текот на 2021 поддршка за отворање на податочни сетови беше пружена на следните пет институции:

  • Биро за јавни набавки,
  • Институт за јавно здравје,
  • Министерство за образование и наука,
  • Генерален Секретаријат при Владата на РСМ, и
  • Министерство за внатрешни работи.

За времетраењето на поддршката се оствари редовна комуникација со претставници на сите институции, која поради ситуацијата со ковид19 вирусот во најголем дел се одвиваше онлајн.

Офицерите за отворени податоци, но и останатите претставници на институциите редовно се консултираа со националните експерти за отворени податоци, тимот од Фондацијата Метаморфозис, и експертите од МИОА, со цел обезбедување поквалитетни податочни сетови за граѓаните, и подобрување на внатрешните процеси и процедури во самите институции.

Извадок од отворен податочен сет од Генералниот Секретаријат при Владата

 

Успешноста на процесот, која во огромна мера зависеше од посветеноста и соработката на претставниците на институциите, се покажа и преку крајните резултати и усвоените процедури: сите институции усвоија Процедура за отворени податоци; извршија каталогизација на податочните сетови во нивна надлежност; и спроведоа приоретизација на податочните сетови од Каталогот на институцијата.

Подолу можете да го погледнете краткото видео кое ги потенцира главните резултати од процесот на поддршка на институциите во 2021 година.

Сподели: