Почитувани,

Фондација Метаморфозис со задоволство ги поканува претставниците на граѓански организации и новинарите на обука на тема „Заштита на личните податоци во процесите на дигитализација на јавните услуги.“ Обуката ќе се спроведе во МладиХаб-Канцеларијата на Претседателот на РСМ на 3 и 4 март 2022 година (МладиХаб се наоѓа на ул. Димитрија Чуповски бр.7, во Скопје. Локацијата можете да ја видите тука)

Учесниците на обуката ќе имаат можност подобро да се запознаат со Законот за заштита на личните податоци и неговото значење во процесот на дигитализација на јавните услуги, односно во испораката на дигитални јавни услуги. Како резултат на обуката, се очекува претставниците на граѓанските организации и медиумите да ги зајакнат своите вештини за комуницирање на темите од областа на заштитата на личните податоци со своите целни групи, да ја промовираат важноста на заштитата на личните податоци и да се застапуваат за ефективна заштита на личните податоците на граѓаните од страна на институциите.

Агендата за настанот можете да ја најдете на овој линк, а пријавувањето се врши со пополнување на формуларот достапен на овој линк.

Сите учесници кои ќе ја следат обуката, ќе добијат сертификат. За учесниците кои доаѓаат од другите градови, патните трошоци за учество на обуката ќе бидат покриени во висина на повратен автобуски билет од местото на живеење до Скопје, а за да го направиме тоа ќе биде потребно да ни бидат доставени оригинални билети и сметки од патувањето.

Доколку имате било какви прашања во врска со обуката, ве молиме контактирајте нè на vesna@metamorphosis.org.mk.

Со почит,

Фондација Метаморфозис

Сподели: