За потребите на проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА ко-финансиран од страна на Европската Унија, Фондација Метаморфозис отвора Повик за доставување на понуди за набавка на услуги за среднорочна и завршна евалуација на проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА.

Фондацијата Метаморфозис од Скопје (Северна Македонија) во партнерство со Академија за е-владееење (Естонија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора), Oтворени податоци Косово (Косово) и Levizja Mjaft! (Албанија), го реализираат проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА финансиран од Европската унија. Проектот има за цел да го зголеми учеството на граѓанските организации (ГО) во обликувањето и имплементацијата на Дигиталната агенда на Западен Балкан.

Вкупното времетраење на проектот е 3 години, од февруари 2020 до јануари 2023 година.

 

Услови и критериуми за учество на повикот

За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следните критериуми за утврдување на нивната способност:

• Претходно искуство со евалуација на проекти (најмалку 2 евалуации на проекти во последните 5 години);
• Високо ниво на познавање и примена на англискиот јазик (усно и пишано);
• Познавањето на областа ќе се смета како предност;
• Позитивен однос и способност за работење со почитување строги рокови;
• Спремност за учество на состаноци и настани поврзани со проектот, онлајн, во земјата и во странство (доколку условите го дозволуваат тоа).

Повеќе информации за повикот може да се најдат во Инструкции за понудувачите.

Понудата треба да содржи следните елементи:

    1. Финансиската понуда треба да се изготви според образецот даден како Прилог 1.
    2. Документи за докажување на техничка и професионална способност:

      • Изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач според образецот даден како Прилог 2.

      • Изјава за прифаќање на условите на повикот даден како Прилог 3.

      • CV/ резиме за секој експерт кое задолжително ќе содржи детално и јасно објаснување на бараните квалификации наведени во инструкциите за понудувачите. Метаморфозис има право да побара докази за секоја квалификација наведена во CV-то на предложените експерти

Начин на доставување на понудите

• Понудите се доставуваат на македонски јазик или англиски јазик.
• Понудите треба да се достават електронски по е-мејл адреса mila@metamorphosis.org.mk или по курирска служба или лично во запечатен плик со назнака „НЕ ОТВАРАЈ“ за Проект „ИЦЕДА“ – Конкурс за евалација на проектот.
• Понудите треба да бидат оригинални и потпишани, а доколку се доставуваат по електронски пат, истите потпишани оригинали треба да бидат скенирани.

Краен рок за поднесување на понудите е 17.08.2020 година до 16:00 часот.

 

————————————————————————————————————————————————————————————————–

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели: