Фондација Метаморфозис активно работи на подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите на централно и на локално ниво и како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, спроведува активности за унапредување на отвореноста на институциите преку истражување, развој на капацитети и развој на алатки.
Како дел од проектните активности го следевме имплементирањето на Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност и ја следиме отвореноста на институциите преку Индекс на отвореност. Индексот на отвореност е композитен сет на индикатори што ги оценува перформансите на извршната власт во областа на доброто управување со фокус на четири столба: пристапност, свест, интегритет и транспарентност, со хоризонтална тема – отворени податоци.
Фондација Метаморфозис планира две напредни дводневни обуки за државните службеници, кои ги промовираат принципите на Индексот на отвореност. Целта на обуките е да ги подготват државните службеници со алатки и методи што служат за подобрување на отвореноста во нивните соодветни институции.
Првата обука ќе се спроведе на 22 и 23 март во хотел Холидеј Ин во Скопје.
Обуката ќе ги опфати следните теми:
- Разбирање на отвореноста од перспектива на граѓанинот;
- Како да се обезбеди ефективно и проактивно остварување на правото на пристап до информации;
- Како да се употребат социјалните медиуми и веб-страниците за да се комуницира и вклучи заедницата;
- Важноста на редовно собирање и ажурирање податоци;
- Обезбедување интегритет на државните службеници;
- Важноста на добро осмислени и спроведени јавни дебати и консултации;
Формуларот за пријавување е достапен на следниот линк. Пријавувањето на учесници е до петок (18 март), 14 часот.
Обуката е за претставници на министерствата и органите во состав. Може да се пријават повеќе учесници од една институција.
Сподели: