Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во соработка со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, а во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, спроведува активности за усогласување на Законот за користење на податоците од јавниот сектор со ЕУ Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор (2019/1024). Како дел од овие активности, на ден 26.10.2021 година, во Клубот на пратеници, се одржа првата средба на работната група за усогласување на Законот за користење на податоците од јавниот сектор со ЕУ Директивата (2019/1024).

Работната група е составена од петнаесетина претставници на државни институции, граѓански сектор и медиуми, и ќе даде значаен придонес во подготовката на проценка на влијанието на спроведувањето на сегашниот Закон (ex-post evaluation), проценка на влијанието на новото законско решение (regulatory impact assessment) и подготовка на новиот предлог Закон. Активностите ќе се реализираат во следните три месеци и освен средби со работната група ќе се реализираат и интервјуа и средби со поединци и групи од интерес.

Сподели: