usaid-cep-logo-mk

Проектот на УСАИД за граѓанско учество поканува граѓански организации (ГОи) во Македонија да аплицираат за Грантови за стратешка поддршка (ГСП).

Проектот за граѓанско учество е петгодишна програма финансирана од УСАИД, која придонесува во постигнувањето на две цели: (1) засилено влијание на граѓанските организации врз политиките и програмите поврзани со приоритетни прашања за граѓаните; и (2) зголеменo и одржливо учество на младите во јавниот живот во Македонија. Грантовите за стратешка поддршка ќе бидат раководени од Метаморфозис.

Целта на Грантовите за стратешка поддршка (ГСП) е да ги поддржи граѓанските организации, вклучувајќи тинк-тенк организации, кои работат во следниве приоритетни области: добро владеење, подобрување на јавните услуги, владеење на правото, антикорупција, човекови права, економски раст, овозможувачка средина за бизнис и мониторинг и надзор на јавните институции.

Проектот за граѓанско учество ќе додели најмногу (7) гранта преку ова барање за апликации. Максималниот износ на еден грант за секој предлог е 120,000 USD, и се однесува на активности кои ќе траат до 3 (три) години. Проектот го задржува правото да финансира која било или ниту една од поднесените апликации.

Грантовите за стратешка поддршка ќе им овозможат на ГОи да:

  • планираат и спроведуваат долгорочни интервенции, вклучувајќи анализа на политики, јавно образование и граѓанско учество, кампањи за застапување, конструктивно учество со владини чинители и институции, и мониторирање на јавни политики, програми и буџети;
  • бидат проактивни во претставувањето на интересите на граѓаните и да започнуваат активности во приоритетните области наведени во претходиот параграф;
  • инвестираат во развојот на нивните капацитети, поточно во подобрување на нивното влијание, вклучувајќи пошироки сегменти од општеството, и да станат финансиски стабилни; и
  • учествуваат во локални, регионални, или меѓународни настани за вмрежување (со ограничена висина на трошоци).

Следете ги врските за да ги симнете целосното барање за апликации, формуларот за аплицирање и буџетскиот образец за партнерски грантови, или пишете ѝ на Ќендреса Сулејмани на qendresa@metamorphosis.org.mk.

Рокот во кој може да бидат побарани појаснувања во врска со повикот е 22 декември 2016 година.
Појаснувањата ќе бидат објавени на 28 декември 2016 година.

  1. Објава за барање на апликации (.pdf)
  2. Целосно барање за апликации (.pdf)
  3. Формулар за аплицирање (.docx)
  4. Буџетскиот образец (.xlsx)

РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТА Е 25 ЈАНУАРИ 2017 ДО 16:30 ЧАСОТ

 

ПОЈАСНУВАЊE НА БАРАЊЕТО ЗА АПЛИКАЦИИ

Одговорите на сите добиени прашања во врска со овој повик може да ги погледнете тука

Сподели: