На 4. и 5. април Фондацијата Метаморфозис, како дел од проектот за граѓанско учество на УСАИД, ја одржа својата втора обука за отвореност за државните службеници од министерствата и агенциите. На настанот активно учество земаа 27 државни службеници.
Целта на обуката беше да се изградат капацитетите на државните службеници со алатки и методи кои служат за подобрување на отвореноста во нивните соодветни институции.
Како дел од проектните активности, Фондацијата Метаморфозис го следеше спроведувањето на Акцискиот план од Стратегијата за транспарентност и исто така ја следиме отвореноста на институциите преку Индексот на отвореност. Индексот на отвореност е композитен збир на индикатори кои ги оценуваат перформансите на извршната власт во областа на доброто владеење со фокус на четири столба: пристапност, свесност, интегритет и транспарентност, со една сеопфатна тема – отворени податоци.
Обуката ја одржаа двајца експерти од областа кои се вклучени во мониторингот за првите 3 мониторинг циклуси во Северна Македонија. Програмата беше прилагодена на 4-те столба на индексот на отвореност и обуката се изведуваше преку неколку различни методи засновани на неформално образование, меѓу кои групна работа, презентации, практични вежби, отворена дискусија итн.
Првата обука за отвореност за државните службеници се одржа на 22 и 23 март. 26 претставници на државни институции присуствуваа на првата обука заснована на принципите на Индексот на отвореност.
Сподели: