Фондација Метаморфозис заедно со Споделено Знаење организираше работилница за платформата Википодатоци. Работилницата се одржа на 27 септември 2022 година (вторник) во периодот од 15:00 до 19:00 часот во Europe House во Скопје.
На работилницата учествуваа десетина лица кои веќе работат или се обучуваат во полето на структурирани податоци, лица кои се занимаваат со слободна содржина и отворени податоци, лица кои се во полето на информатичките науки, но и поединци со желба да ги стекнат вештините на уредување и користење на платформата Википодатоци.
На работилницата се разговараше како се создаваат википредмети на Википодатоци, како се вметнуваат структурирани податоци во рамки на веќе постоечки или новосоздаден википредмет, како се врзува википредмет со соодветна статија на Википедија.

За соорганизаторот Споделено Знаење

Споделено Знаење е регистрирано здружение во Северна Македонија и е огранок на Фондацијата Викимедија, хиерархиски наречено корисничка група во рамки на Викимедија. Постои од март 2014 година со цел умножување на статиите на Википедија на македонски јазик, но и на другите јазични Википедии, како и умножување на слободна содржина во разни облици на останатите платформи што припаѓаат на Фондацијата Викимедија (Ризница, Википодатоци, Викиизвори, Викицитати, Викикниги, Викиречник, Викиуниверзитети, Викивидови, Википатувања).

Сподели: