Фондација Метаморфозис активно работи на подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите на централно и на локално ниво и како дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“, спроведува активности за унапредување на отвореноста на институциите преку истражување, развој на капацитети и развој на алатки.
Фондација Метаморфозис учествуваше во работната група и овозможи техничка поддршка за подготовка на новата нацрт-Стратегија за транспарентност и седма година по ред ја следи отвореноста на институциите преку Индексот на отвореност. Индексот на отвореност е композитен сет на индикатори што ги оценува перформансите на извршната власт во областа на доброто управување со фокус на четири столба: пристапност, свест, интегритет и транспарентност, со хоризонтална тема – отворени податоци.
Фондација Метаморфозис планира две напредни еднодневни обуки за државните службеници, кои ги промовираат принципите на Индексот на отвореност. Првата обука е планирано да се одржи на 24 ноември во Скопје, додека втората обука се планира за 1 декември во Скопје.
Целта на обуките е да ги подготват државните службеници со алатки и методи што служат за подобрување на отвореноста во нивните соодветни институции.
Обуката ќе ги опфати следните теми:
- Разбирање на отвореноста од перспектива на граѓанинот;
- Како да се обезбеди ефективно и проактивно остварување на правото на пристап до информации;
- Како да се употребат социјалните медиуми и веб-страниците за да се комуницира и вклучи заедницата;
- Важноста на редовно собирање и ажурирање податоци;
- Обезбедување интегритет на државните службеници;
- Важноста на добро осмислени и спроведени јавни дебати и консултации;
Обуките се првенствено наменети за државни службеници кои се одговорни за објавување на информации на веб страниците на институциите, но повикот е отворен и за повеќе претставници од иста институција.
Формуларот за пријавување е достапен на следниот линк. Пријавувањето на учесници е до вторник (21-ви ноември), 14 часот. Пријавените учесници ќе бидат селектирани во еден од двата термини според редоследот на пријавување.
Активностите се дел од проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.
Сподели: