Фондација Метаморфозис активно работи на подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите на централно и на локално ниво и како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, спроведува активности за унапредување на отвореноста на институциите преку истражување, развој на капацитети и развој на алатки.

Како дел од проектните активности го следевме имплементирањето на Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност и ја следиме отвореноста на институциите преку Индекс на отвореност. Индексот на отвореност е композитен сет на индикатори што ги оценува перформансите на извршната власт во областа на доброто управување со фокус на четири столба: пристапност, свест, интегритет и транспарентност, со хоризонтална тема – отворени податоци.

Фондација Метаморфозис планира две напредни дводневни обуки за државните службеници, кои ги промовираат принципите на Индексот на отвореност. Првата обука се одржа на 22 и 23 март и на неа присуствуваа повеќе од 25 претставници на државните институции.

Целта на обуките е да ги подготват државните службеници со алатки и методи што служат за подобрување на отвореноста во нивните соодветни институции.

Втората обука ќе се спроведе на 4 и 5 април во хотел Холидеј Ин во Скопје.

Обуката ќе ги опфати следните теми:

  • Разбирање на отвореноста од перспектива на граѓанинот;
  • Како да се обезбеди ефективно и проактивно остварување на правото на пристап до информации;
  • Како да се употребат социјалните медиуми и веб-страниците за да се комуницира и вклучи заедницата;
  • Важноста на редовно собирање и ажурирање податоци;
  • Обезбедување интегритет на државните службеници;
  • Важноста на добро осмислени и спроведени јавни дебати и консултации;

Формуларот за пријавување е достапен на следниот линк. Пријавувањето на учесници е до петок (31-ви март), 14 часот.

Можат да се пријават повеќе државни службеници од една институција.

Сподели: