Фондација Метаморфозис, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, на 26 и 27 мај, спроведе дводневна обука за отворени податоци за четири државни институции.

Обуката ги опфати следните теми:

  • Општи поими на податоци и информации, и дефинирање на концептот на отворени податоци
  • Придобивки од објавувањето на отворени податоци
  • Принципи на отворени податоци
  • Напредни технички аспекти за отворени податоци
  • Процес на идентификација, каталогизација и приоритизација на податочни сетови
  • Процес на објавување отворени податоци

Обуката се реализира во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а конкретната активност се спроведува по третпат, односно во 2021 и 2020 година, десет државни институции ја поминаа обуката. Обуката ја следеа претставници на Агенцијата за вработување, Агенцијата за заштита на лични податоци, Министерството за животна средина и просторно планирање, и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Претставници на овие четири институции во следниот период ќе добијат поддршка од експерти за отворање на податочни сетови.

Сподели: