mediumski-item-img-1.png

21.02.2006

Средба на блогери во Метаморфозис

Во петок, 18.02.2006 со почеток во 19 часот, во просториите на Фондацијата Метаморфозис се одржа неформална средба на тема блогови во која учество зедоа дваесетина ентузијасти од Скопје и Велес, иницирана од уредниците на блоговите Комуникации и Развигор

mediumski-item-img-1.png

30.11.2005

Серија јавни трибини на тема информатичко општество

Фондацијата Метаморфозис, со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во рамките на проектот Национална стратегија за развој на информатичко општество организира серија на јавни трибини, со цел пренесување знаења за низа тековни теми од областа на информатичкото општество.

mediumski-item-img-1.png

18.11.2005

Македонија на Светскиот самит за информатичко општество

Над 18000 учесници зедоа учество на Светскиот самит за информатичко општество што се одржа во Тунис од 16 до 18 ноември. Меѓу нив беа и претседатели, премиери, министри, но и претставници на развојниот, граѓанскиот и приватниот сектор.

mediumski-item-img-1.png

09.11.2005

Се одржа трибината е-Образование

На 8 ноември 2005 година во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа јавната трибина на тема „е-Образование“.

mediumski-item-img-1.png

28.10.2005

Се одржа трибината – Слобода на медиумите на интернет

На 27 октомври 2005 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа јавната трибина на тема „Слобода на медиумите на интернет“.

mediumski-item-img-1.png

26.10.2005

Се одржа трибината за е-бизнис и компјутерски криминал

На 25 октомври 2005 година во хотел Чинго во Охрид се одржа првата јавна трибина на тема „е-бизнис и компјутерски криминал“ во рамките на конференцијата „е-Општество.Мк“. По оваа трибина следуваат уште три јавни трибини во Скопје, Битола и Тетово.

mediumski-item-img-1.png

21.10.2005

Се одржа конференцијата „е-Општество.Мк“

Вчера во хотелот Холидеј Ин во Скопје се одржа конференцијата „е-Општество.Мк“ во организација на Фондацијата Метаморфозис со поддршка од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје. На конференцијата учествуваа повеќе од 150 учесници.

mediumski-item-img-1.png

05.10.2005

Конференција „е-Општество.Мк“

Фондацијата Метаморфозис, со поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, ја организира конференцијата „е-Општество. Мк“, со цел пренесување знаења за низа тековни теми од областа на информатичкото општество, која ќе се одржи на 20 октомври 2005 г. во хотел „Холидеј ин“ во Скопје.

mediumski-item-img-1.png

19.09.2005

Успешно завршување на Преведувачкиот маратон: преведен Опенофис 2.0

Маратон што започна во петокот вечер во просториите на Фондацијата Метаморфозис во Скопје заврши во неделата попладне по 56 часа непрекината работа. Во маратонот зедоа учество скоро 70 волонтери од целата земја организирани од Фондацијата Метаморфозис и Слободен софтвер – Македонија кои денононоќно работеа по смени.

mediumski-item-img-1.png

18.09.2005

Преведен е корисничкиот интерфејс за Опенофис.орг

На 17.09.2005 (сабота) во 21 часот маратонците стигнаа на половината од маратонската патека – го преведоа корисничкиот интерфејс за Опенофис.орг на македонски јазик. Сега останува да се истрча уште последната етапа, односно да се преведе помошта за корисниците на оваа апликација. Досега се преведени околу 20% од помошта.

mediumski-item-img-1.png

17.09.2005

Маратонот започна

Денес во 18 часот официјално започна преведувачкиот маратон за локализација на софтверот Опенофис.орг на македонски јазик во организација на Слободен софтвер Македонија и Фондацијата Метаморфозис. Маратонот се одвива во просториите на Фондацијата Метаморфозис на 16 компјутери. Вљубениците во слободниот софтвер, преведувачи, лектори и програмери сите заедно работат на преводот. Во времето на објавувањето на овој напис (24:00) преведени се околу 40% од софтверот.

mediumski-item-img-1.png

01.07.2005

Конференција за локализација на слободен софтвер во Белград

Конференцијата ќе ги собере на едно место балканските активисти за слободен софтвер