25.10.2022
Со отворање на изложба, започна иницијативата „Проѕирниот човек“ на Гете-институтот и Фондацијата „Метаморфозис“
Фото: Meta.mk. Со отворање на интерактивната изложба „What the future wants“ во Јавна соба во Скопје денеска беше означен почетокот на иницијативата „Проѕирниот човек“ која ја спроведува Гете-институтот Скопје во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“, со цел промовирање на медиумските и информативните вештини на помладата генерација и нивната околина – родители, наставниците и сите други заинтересирани […]
18.10.2022
Почеток на обуките за заштита на лични податоци за граѓански организации
Денес, на 18-ти октомври, повеќе од 20 претставници на граѓанските организации започнаа да следат обука за заштита на лични податоци, оганизирана во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци-градење инклузивен дигитален екосистем“. Учесниците на денешната сесија имаа можност подобро да се запознаат со регулативата за заштита на лични податоци и начелата на […]
10.10.2022
Учество на Метаморфозис на завршна конференција за ЕУ твининг-проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“
Фондација Метаморфозис беше дел од завршната конференција за ЕУ твининг-проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“ што се одржа на 07.10.2022 во хотелот Мериот во Скопје. На оваа конференција, беа презентирани постигнатите резултати од проектот и беа споделени различни перспективи кон актуелната состојба и идниот развој на правниот, институционалниот […]
28.09.2022
Фондација Метаморфозис учествуваше на конференцијата „Што ги интересира граѓаните?“ и ги претстави резултатите од Индексите на отвореност
Центарот за управување со промени во соработка со Заменичката на Претседателот на Владата, Славица Грковска, задолжена за политики за добро владеење, и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, организираше конференција на тема: „Што ги интересира граѓаните? – Подобрување на системот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. […]
28.09.2022
Одржано годишно собрание на членките на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата
На 19 и 20 септември 2022 година се одржа редовното годишно собрание на членките на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. На собранието се разговараше за идните акции и активности кои ќе се преземат, се разгледа и се усвои Стратешкиот план 2022 – 2025 година и се разговараше за моменталната состојба со ефикасноста, […]
28.09.2022
Одржана работилница за википодатоци
Фондација Метаморфозис заедно со Споделено Знаење организираше работилница за платформата Википодатоци. Работилницата се одржа на 27 септември 2022 година (вторник) во периодот од 15:00 до 19:00 часот во Europe House во Скопје. На работилницата учествуваа десетина лица кои веќе работат или се обучуваат во полето на структурирани податоци, лица кои се занимаваат со слободна содржина […]
16.09.2022
Најава за настан: работилница за Википодатоци
Фондација Метаморфозис заедно со Споделено Знаење организира работилница за платформата Википодатоци. Работилницата ќе се одржи на 27 септември 2022 година (вторник) во периодот од 15:00 до 19:00 часот во Europe House во Скопје. За кого е наменета? Целна група се лицата кои веќе работат или се обучуваат во полето на структурирани податоци, лицата кои се […]
15.09.2022
Најава за настан: Дијалози за дигиталната агенда – „Целосно дигитални јавни услуги“
Партнерите во мрежата ИЦЕДА во соработка со партнерот домаќин Движењето МЈАФТ! (Албанија) организираат регионални дијалози за дигиталната агенда, овој пат на тема „Целосно дигитални јавни услуги“. Настанот ќе се одржи на 23 септември во Тирана (Хотел Џеко Империјал), а на него ќе присуствуваат претставници на релевантни институции, граѓанското општество и други засегнати страни од Албанија, […]
14.09.2022
Одржан настан: Колку се отворени институциите во Северна Македонија?
Фондацијата Метаморфозис одржа презентација и дискусија на резултатите од Проценката на состојбата на добро владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт. Настанот се одржа на 13 септември на платформата Зум, и на него учествуваа бројни претставници од државните институциите, невладиниот сектор и академијата во земјава. Учесниците разменија […]
09.09.2022
Настан „Омоќување на тимовите да се справат со честите проблеми во наследените системи“ – Јава Пиво Скопје
Фондацијата за Интернет и општество Метаморфозис со задоволство го поддржува настанот Јава Пиво Скопје на тема „Омоќување на тимовите да се справат со честите проблеми во наследените системи.“ Настанот е во организација на Scalefocus и е предвиден да се одржи на 13.09.2022 година (вторник) во 19:00 часот во Јавна соба. „Не постојат книги со стратегии […]
06.09.2022
Вештачката интелигенција и човековите права на интернет: актуелна состојба, перспективи и ризици
Извршниот директор на Фондација Метаморфозис, Бардил Јашари, денес беше дел од панел дискусијата „Вештачката интелигенција и човековите права на интернет: состојба, ризици и предизвици“. Оваа панел-дискусија беше организирана од Фондација Метаморфозис во рамки на Регионалната конференција за слобода на интернет на АБА РОЛИ која се одржува во периодот од 5-ти до 7-ми септмври во Охрид […]
05.09.2022
Најава за настан: Колку се отворени институциите во Северна Македонија?
Фондација Метаморфозис организира онлајн настан за промоција на резултатите од Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2022 година и промоција на резултатите од Проценката на добро владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност според мерењето за 2021. Настанот ќе се одржи на […]