Македонски
Почетна Активности Одржана Петтата меѓународна конференција е-Општество.Мк: „Јас медиум“

Одржана Петтата меѓународна конференција е-Општество.Мк: „Јас медиум“ PDF Печати Е-пошта
03.12.2009

Заврши петтата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „Јас медиум“. Истата траеше два дена и беше насочена кон улогата на новите медиуми во поткрепувањето на дебатата и дијалогот, учеството и општествените промени.

e-society.mk-2009Првиот ден беше резервиран за излагања на повеќе наши и меѓународни експерти од областа на технологијата, политиката, новинарството, блогерството и социјалниот активизам во рамките на 3 работни сесии, при што после секоја следуваше активна дискусија. Белешки за сесиите од првиот ден можете да прочитате на IT.com.mk.

Вториот дел од овогодишниот настан беше во вид на тркалезна маса на која во фокусот беше улогата и искористеноста на новите медиуми во процесот на пренесување информации, наспроти доминацијата на традиционалните медиуми на овој план. По двочасовната дискусија која ја затворија министерот за информатичко општество г. Иво Ивановски и г-а  Изабел Гинел, прв секретар на Амбасадата на Р. Франција во Скопје, конференцијата беше официјално завршена.

Повеќе информации, како и презентациите, заедно со видео излагањата на говорниците ќе бидат објавени наскоро. Во меѓувреме, дел од атмосферата на конференцијата можете да почувствувате преку фотографиите поставени на фликр, како и од пораките кои во живо масовно се испраќаа преку твитер.

Deli.cio.us    Digg    reddit    Facebook    StumbleUpon
 

Наши изданија

ping_logo

Рецензија на сајтови


sajt_na_denot

Creative Commons iconОсвен во случаите каде што не е експлицитно наведено поинаку, содржините на овој веб-сајт се лиценцирани
според лиценцата на Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5