Фондација Метаморфозис активно работи на подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите на централно и на локално ниво и како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, спроведува активности за унапредување на отвореноста на институциите преку истражување, развој на капацитети и развој на алатки.

Во соработка со МИОА, Фондација Метаморфозис планира дводневна работилница за отворени податоци наменета за државните службеници. Целта на обуките е да ги подготват државните службеници со алатки и методи што служат за подобрување на отворените податоци во нивните соодветни институции.

Обуката ќе се спроведе на 23 и 24 јуни во хотел во Скопје.

Обуката ги опфаќа следните теми:

  • Општи поими на податоци и информации, и дефинирање на концептот на отворени податоци.
  • Придобивки од објавувањето на отворени податоци
  • Принципи на отворени податоци
  • Студии на случај на користење отворени податоци
  • Основни технички аспекти за отворени податоци
  • Платформа за отворени податоци data.gov.mk
  • Собирање и филтрирање на отворени податоци
  • Визуелизација на отворени податоци
  • Истражувања врз основа на отворени податоци.

По завршување на обуката учесниците треба:

  • Да се стекнат со основни познавања за концептот на отворени податоци
  • Да го разберат значењето на отворените податоци за подобрување на транспарентноста, креирање додадена економска вредност и градење поефикасни државни институции
  • Да се стекнат со основни познавања за техничките аспекти за отворени податоци
  • Да се стекнат со основни техники за дефинирање на структура на податочен сет, собирање и филтрирање податочни сетови
  • Да разберат како може да ги користат отворените податоци за да прават визуелизации и истражувања.

Формуларот за пријавување е достапен на следниот линк. Пријавувањето на учесници е до недела (19 јуни), 14 часот.

Обуката е за претставници на министерствата и органите во состав. Може да се пријават повеќе учесници од една институција, но предност ќе им се даде на претставници од институциите кои досега не биле дел од процесот на отворање податоци.

Сподели: