Мени
challenges

Предизвици и пречки: Користење на слободен софтвер во локалните самоуправи во Македонија

Истражувањето спроведено во 14 општини во Македонија ги покажува предизвиците и пречките за користење на слободен софтвер во единиците на локалната самоуправа. Општините одговараа за софтверот кој го користат и нивните буџети, јасно покажувајќи недостиг на средства за задоволување на потребите на граѓаните на кои им служат преку набавка на комерцијален софтвер кој го нудат ...

oaccess

Отворен пристап

„Отворениот пристап претставува бесплатна достапност на дигитални содржини преку интернет. Најпозната и најлесно изведлива форма на отворен пристап е објавување рецензирани научни трудови од академски списанија без очекување авторите да бидат платени за тоа.“ Ова е вториот од серијата кратки документи за различните аспекти на ИКТ и информатичкото општество. Водичот е ...

katalog_els_mk

Каталог за електронски услуги на локалната власт

Во рамките на проектот е-Локална самоуправа, организиран и поддржан од Проектот за успешна децентрализација на УСАИД и Метаморфозис – фондација за одржливи информатички решенија, беше спроведено истражување во 10 општини низ Македонија. Целта на истражувањето беше да се дознае мислењето на граѓаните за тоа кои услуги на општините сметаат дека треба први да се направат достапни ...

situation

Анализа на состојбата со е-учењето во Македонија

Моделите на координација и интеграција на активностите треба да бидат насочени и кон самите корисници поединци или групи, а не само кон субјектите кои работат на продукцијата на ресурси. Ова подразбира реализација на онлајн-сервис или веб-страници кои треба да бидат лесен мост кон ресурси кои се достапни за користење. Истражувањето е направено како дел од проектот за ...

privacy framework

Извештај за приватност и човекови права во Македонија, 2007

Извештај за Македонија, вклучен во Меѓународното истражување за законите за приватност и случувањата – Приватност и човекови права во 2007, објавено одEPIC и Privacy International.Уредник: Катица Родригез Переда.Придонесоа: Бардил Јашари, Филип Стојановски, Неда Коруновска, Данче Даниловска, Маријана Марушиќ, Елена Стојановска, Весна Паунковска

see_egov_gap (1)

Анализа на јазот во имплементацијата на е-владеење во регионот на Западен Балкан

Анализа на јазот во имплементацијата на е-владеење во регионот на Западен Балкан (март 2006) од проф. д-р Марјан Гушев и м-р Гоце Арменски од Универзитетот Свети Кирил и Методиј, ПМФ, Институт за информатикаСо цел да ја анализираат ситуацијата со е-владеењето во земјите од Западен Балкан (ЗЗБ), авторите користеа бенчмарк-анализи за е-владеење, анализи на националните стратегии за ...

ocenkata za nacinot

Оценката за начинот на пријавување за работа како државен службеник

Во текот на мај и јуни 2007 година, Фондацијата Метаморфозис спроведе истражување за веб-сајтот Пријава преку интернет на Агенцијата за државни службеници. Целта на истражувањето беше да се дознае мислењето и искуството на кандидатите за работни места на државни службеници за апликацијата која овозможува пријавување на конкурсите преку интернет.