Мени

Човековите права на интернет

До 2023 година Метаморфозис ќе биде водач на процесот за застапување на човековите права на интернет, помагајќи заедниците да се соочат со огромните промени кои произлегуваат од сѐ поголемото влијание на новите технологии (вклучувајќи ги големите податоци, вештачката интелигенција, роботиката, нанотехнологијата и генетиката). Метаморфозис ќе се фокусира на заштитата на приватноста и слободата на изразување преку зајакнување на капацитетите на граѓаните и институциите (како и преку изработка на грантови) за дигитално општество. Овој пристап ќе ја потврди улогата на Метаморфозис како интегратор и  иноватор во Македонија и на Балканот.