Мени

Медиуми за демократија

Слободните и професионални медиуми имаат клучна улога во обезбедувањето на знаење и глас на граѓаните, откривање на корупцијата и развивање на една култура на критика каде граѓаните се сѐ помалку исплашени да ги доведуваат во прашање дејствијата на властите и се овластени на корисен начин да учествуваат во демократските процеси. Фондацијата Метаморфозис препознава дека едно информирано општество е суштествено за обезбедување одговорност како на јавниот, така и на приватниот сектор. Понатаму, широкиот јавен пристап до информации и слободата за добивање и споделување идеи се суштествени за зголемувањето на знаењето, економските можности и човечкиот потенцијал.